Стоперот Ибрахима Конате три пати одби да го продолжи договорот со Ливерпул. 26-годишниот француски дефанзивец би можел да стане слободен агент на 30 јуни 2026 година и да му се приклучи на Реал Мадрид бесплатно, па клубот од Мерсисајд се обидува да постигне нов договор со Конате.
Самиот фудбалер добил гаранции дека Реал Мадрид ќе го ангажира по истекот на договорот на крајот на сезоната. Затоа Ливерпул веќе се помири со неговото заминување во таборот на „кралевите“.
Реал Мадрид исто така ја разгледува и опцијата за ангажман на Вилијам Салиба, чиј договор со Арсенал е со важност до 2027 година. Меѓутоа за да го има порано во своите редови ќе треба да плати отштета, која сигурно идното лето не би била толку голема, со оглед дека ќе ја почне последната година од договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

