Новиот прволигаш Академија Пандев сериозно се екипира пред својот дебитантски настап во елитната конкуренција на Македонија. Засилен е стручниот штаб со кондицискиот тренер на А-репрезентацијата на Македонија, Иван Јовановски. Тој од денеска ќе биде задолжен за физичката подготовка на сениорскиот тим, но ќе координира и со младинската школа на Академија Пандев. Очигледно дека газда Пандев, знае за каков стручњак се работи, и секако дека со неговата работа ќе имаат бенефит сите фудбалски категории на клубот.
Тимот на Академија Пандев заминува на подготовки во Банско, а со нив ќе раководи токму Иван Јовановски Карас. Тој има и интернационално искуство во својата работа, од Азербејџан, Турција, и Бугарија, а работеше и во неколку македонски клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА