Кондогбија: Интер е бордел, таму не се враќам

Францускиот интернационалец Џофри Кондогбија во редовите на Валенсија ја врати својата стара препознатлива форма, но на „Месталја“ игра како позајмен фудбалер, па доколку клубот не го откупи на крајот од сезоната за 25 милиони евра, треба да се врати во Интер. Но, тој не сака ниту да слушне за ваков развој на настаните.

„Не се враќам, ќе собирам сам пари, ќе платам 25 милиони евра од мој џеб, но таму не се враќам. Интер е како бордел, за две години се сменија пет тренери, а ти никако не можеш да се вклопиш и да играш во континуитет. Не знам дали Валенсија ќе ме откупи, но знам дека не сакам да се вратам во Интер“, изјави Кондогбија.

 

Се вчитува...