Тимот на Олимпик Марсеј и официјално го промовираше Џефри Кондогбија за ново засилување. 30-годишниот играч од средниот ред го напушти Атлетико Мадрид, за да му се приклучи на својот поранешен тренер од Валенсија, Марселињо кој неодамна пристигна на „Велодром“.
Кондогбија во минатото играше за Ленс, Монако, Севилја и Интер. Минатата сезона запиша 20 настапи за Атлетико.
Играчот од средниот ред вчера се збогуваше од Атлетико Мадрид, а утрово веќе беше прмовиран за нов играч на Олимпик Марсеј, со што се враќа повторно во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА