Кондолиза Рајс за малку НФЛ тренер

Кондолиза Рајс е звучно име во американската политика, имаше многу високи функции во администрацијата на САД, а изминатиов викенд во неколку часа изгледаше дека животот ќе и тргне по сосема поинаква патека.

Според медиумски извештаи поранешната државна секретарка за национална безбедност требало да оди на интервју за тренерската позиција во НФЛ тимот Кливленд. Рајс која е долгогодишна навивачка на клубот ги демантираше тврдењата кои се појавија дури и на ЕСПН.

„Не сум баш подготвена да бидам на клупата, но би можела да споделам некои идеи за тоа како да бидат подобри. Се надевам дека Кливленд ќе ангажира тренер кој ќе ги однесе на подобро ниво“ – напиша Рајс на Фејсбук.

Таа не пропушти прилика сепак да повика НФЛ да почне повеќе да вклучува жени во тренерската работа.

 

 

 

Се вчитува...