Кондомите наменети за спортстите на Зимските олимписки игри ги снема за три дена!

Бесплатните кондоми наменети за учесниците на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, ги снемало за рекордни три дена, објави „Ла Стампа“. Според изданието, биле обезбедени 10.000 кондоми, што е драстично помала бројка за разлика од Летните олимписки игри во Париз, кога беа доделени 300.000 кондоми.

Но, на Зимските игри се натпреваруваат 3000 спортисти, за разлика од летните кога се натпреваруваа тројно повеќе.

Еден натпреварувач кој сакаше да остане анонимен, ги обвини организаторите дека не биле дарежливи со кондомите.

„Залихите ги снема за само три дена. Ни ветија дека ќе донесат уште, но не се знае кога“, рече тој.

Се вчитува...