АБА-лигата во следната сезона ќе брои 18 екипи, а голема новина е што учесниците ќе бидат поделени во две групи, се со цел да се намали вкупниот број на одиграни натпревари.
Во изминатите два месеца се водеа интензивни разговори на оваа тема, но „Моцарт Спорт“ објави дека денеска е донесена и конечна одлука – ширење на лигата со уште две дополнителни екипи, и тоа Виена од Австрија и романски Клуж. Долго време се шпекулираше вклучување на Хапоел, но до договор не дојде откако евролигашот одби да потпише тригодишен договор со АБА, инсистирajќи само на едногодшна соработка, што беше отфрлено од страна на челниците на регионалното натпреварување.
Клуж и Виена денеска ги потпишале договорите за приклучување кон АБА, а веќе нема дилема и околу иднината на Цибона и Морнар, тимови кои сезонава испаднаа од АБА1, па иако се ко-сопственици во лигата согласно пропозициите ќе се преселат во АБА2. На нивно место пристигнува шампионот на АБА2, Босна, како и тимот на Илирија од Словенија, кој во баражот беше подобар од Цибона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

