Конечна потврда од СЕХА: Вардар дефинитивно ќе го игра четвртфиналниот реванш против Нексе

Македонскиот ракометен првак Вардар на патот кон одбраната на трофејот во најчудната сезона од СЕХА лигата ја продолжува на 29. август со возвратниот четвртфинален натпревар против хрватскиот Нексе. Вардар има победа од гостувањето обезбедена пред да биде прогласен прекинот во спортскиот свет поради пандемијата на короанвирусот и е на одличен пат за обезбеди ново учесто на Ф4 турнирот во регионалното натпреварување.

За овој натпревар во салата „Јане Сандански“ поради рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот нема да биде дозволено присуство на навивачи. Завршниот турнир во СЕХА лигата е предвидено да се одржи на 5. и на 6. септември.

Вардар ги почна подоготвките во средината од минатиот месец. Реновраниот состав под водство на Стевче Алушовски целиот подготвителен период го мина во Скопје, а во пресрет на новата сезона ќе биде дел од турнирот во Струга кој почнува утре.

 

 

Се вчитува...