Конечно: Арсенал сака да го задржи најдобриот играч

Арсенал долго време се мачеше да направи конкурентен тим, но изгледа дека е на прагот да ја прекине „лошата среќа“. Лондонскиот тим на чело со Микел Артета ветува, има состав полн со млади и перспективни играчи, а за разлика од последните години кога „топџиите“ ги испуштаа своите најдобри фудбалери, овој пат се на прагот да го задражат Бакајо Сака.

Дваесетгодишникот блеска во своите настапи, а со нив доби и повик во репрезентацијата на Англија. Оваа сезона одигра 29 натпревари во сите конкуренции и притоа постигна осум гола во противничката мрежа и четири асистенции.

Договорот на Сака и Арсенал е со важност до 2024 година, но и покрај тоа „топџиите“ сакаат да го наградат со нов, побогат договор. Според англиските медиуми и самиот Англичанец е задоволен во клубот и наскоро се очекува да биде продолжена соработката со долгогодишен договор.

Се вчитува...