Адам Ханга од денеска и официјално е член на Барселона откако каталонскиот гигант го откупи неговиот договор со Басконија. Двата клуба водеа преговори повеќе од еден месец, за на крајот да биде постигнат договор Барса да плати 400.000 евра на име отштета за унгарскиот репрезентативец.
Ханга веднаш потоа попиша тригодишен договор со Барса за плата од огромни 2,5 милиони евра по сезона, па јасно е дека со толкава заработувачка на овој кошаркар се гледа како на еден од лидерите за новата сезона.
Унгарскиот интернационалец доаѓа во Барселона на барање на тренерот Сито Алонсо, кој и самиот летово пристигна од Басконија во каталонската престолнина. Ханга за партнер во бековската линија ќе го има Томас Ертел, кој потпиша за Барса од редовите на Анадолу Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА