Жоао Кансело ќе биде најновото засилување на Барселона откако каталонскиот гигант конечно постигна целосен договор за да го доведе португалскиот дефанзивец во своите редови. Ангажман на нов десен бек беше еден од приоритетите на тренерот Чави, преговорите траеја долго, за на крајот да биде постигнат целосен договор – Кансело ќе пристигне на едногодишна позајмица, а Барселона ќе има можност ледното лето целосно да го откупи неговиот договор со „граѓаните“.
Воедно, каталонскиот гигант во меѓувреме направи и простор во буџетот за да може да го регистрира Кансело и десниот бек веќе следниот викенд да може да биде во комбинација за настап за Барселона.
Каталонците се надеваат на уште еден трансфер до крајот на преодниот рок, и тоа на позицијата последен играч за врска каде тимот моментно е „најтенок“, по заминувањето на легендата Серхио Бускетс во Интер Мајами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

