Легендарниот Арсен Венгер го претстави пред неколку месеци новото офсајд правило според кое секој фудбалер би било во недозволена офсајд позиција само со целото тело се наоѓа пред последниот играч на противничката екипа.
Многумина со воодушевување го дочекаа овој предлог, а сега доаѓаат информации дека ова правило би можело да се применува од следната 2024/25 сезона во светот на фудбалот.
Офсајдот во светот на фудбалот е правило кое ги нервира буквално сите, и наскоро вакво какво што е би можело да биде минато, па би се гледале натпревари со многу повеќе голови, што сега не е случај.
Челниците на ИФАБ, според пишувањата на шпанска Марка, од следната сезона ќе го воведат т.н „Венгерово офсајд правило“ со кое светот на фудбалот дефинитивно би се променил.
🚨 The Wenger offside law being introduced in 2024-25 is a possibility.
The law: It the attacker’s entire body completely overtakes the last defender; it’s offside.
But, if a small part of the attacker’s body is ‘offside’, it WON’T be considered offside anymore. @marca 🚩 pic.twitter.com/UhDPE21UkQ
— Madrid Zone (@theMadridZone) November 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА