Реал Мадрид ќе може да смета на австрискиот интернационалец Давид Алаба за следните предизвици, откако дефанзивецот се врати на тренинзите на својот тим по повредата.
33-годишниот Алаба последен пат играше во првенството на 19 октомври против Гетафе, кога одигра едно полувреме, а потоа не беше во комбинација на дуелите со Јувентус, Барселона, Валенсија и против Ливерпул.
Тој имаше повреда на стопалото, а сега се е во ред и ќе се стави на располагање за мечот со Рајо Ваљекано во недела. Алаба поради тешка повреда ја пропушти ланската сезона, во која одигра само седум меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

