Шведскиот напаѓач Александар Исак, после неколкумесечна пауза се врати на тренинзите на Ливерпул. Напаѓачот имаше тешка повреда во декември за време на триумфот на Ливерпул со 2-1 против Тотенхем, откако го заработи скршеница на ногата и дополнителна повреда на зглобот, по што следуваше операција.
Исак во февруари почна со лесни тренинзи, односно во фитнес центар, а сега тренира и со останатите играчи. Според англиските медиуми, можно е да биде вклучен во тимот за мечот со ПСЖ во Лигата на шампионите, и да почне од клупата.
Исак стана најспак фудбалер во историјата на британскиот фудбал, откако на почетокот на сезоната од Њукасл пристигна на „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

