Неколку играчи на Борусија Дортмунд се опоравија од повредите пред саботниот домашен натпревар од Бундеслигата против Фрајбург , изјави главниот тренер Нури Сахин.
Во еден момент од сезоната, Борусија Дортмунд имаше 10 повредени играчи и најмногу поради тоа падна на 7-то место во првенството и заостанува 10 бода зад лидерот Баерн Минхен.
Сега на тимот на располагање се петмина играчи: голманот Грегор Кобел, потоа Џовани Реина, Џулиен Дуранвил, Валдемар Антон и Џереми Гитенс.
„Помина долго време откако немаше повеќе добри вести отколку лоши во однос на повредите“, рече Сахин на прес-конференција претходно денеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА