Оле Гунар Солскјер може да здивне откако кризата со повредени фудбалери на Манчестер Јунајтед значително се намали за време на оваа репрезентативна пауза. Четири стандардни фудбалери почнаа со тренинзи во последните денови, зголемувајќи си ги шансите за камбек на терените на големото дерби со Ливерпул што ќе се игра в недела на „Олд Трафорд“.
Антони Марсијал, кој речиси два месеци е „во аут“, тренираше без проблеми во последните два дена и ќе биде во комбинација за настап против лидерот на табелата. Нападот беше главен проблем на „ѓаволите“ во последните дуели, но со Марсијал како партнер на Рашфорд јасно е дека Солскјер ќе има многу повеќе опции во нападот против Ливерпул.
Засилена ќе биде и одбранбената линија, откако Шо, Линделоф и Ван-Бисака исто така почнаа да тренираат со полна пареа. Токму овие тројца, надополнети со Мегваер, се очекува да стартуваат од првата минута на дербито, во обид да го запрат атомскиот напад на Ливерпул.
Манчестер Јунајтед моментно се наоѓа на 12. место на табелата со само два бода повеќе од екипите во зоната за испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА