Уште една трансфер-сага конечно ќе заврши во текот на денешниот ден, откако Доминик Ливаковиќ ќе го комплетира својот камбек во редовите на Динамо Загреб.
Хрватскиот голман летово го напушти Фенербахче на позајмица во Џирона, но таму не доби шанса да ги покаже своите квалитети. Ливаковиќ бараше нов клуб за да може во натпреварувачки ритам да го дочека СП 2026, притоа инсистирајќи на трансфер назад во Динамо Загреб и одбивајќи неколку понуди од клубови кои имаа договор со Фенербахче.
Турскиот тим ја прекина позајмицата со Џирона, а денеска конечно ги договори и деталите со хрватскиот шампион, Динамо ќе плати 300.000 евра за позајмицата на Ливаковиќ до крајот на сезонава, а во договорот нема клаузула за откуп во текот на летото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

