Барселона веќе некое време покажува интерес за португалскиот интернационалец во дресот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, а се чини дека идното лето овој трансфер е најблиску до реализација.
„Каталонците“ следните денови ќе почнат преговори со Португалецот, кој на лето ќе биде слободен агент, и ќе може бесплатно да си замине од „Етихад“.
Силва беше најблиску до Барселона летото 2023 година, кога дури и се прости од навивачите на Сити после натпреварот во „Комјунити шилд“, но тогаш Барса во последен миг се откажа поради тоа што немаше пари да го реализира овој трансфер.
Силва е застапуван и од Жорже Мендеш, голем пријател на Жоан Лапорта, што дополнително ги олеснува преговорите во врска со личните услови. Силва нема да има големи претензии, тој е свесен дека ова е неговата последна шанса за друг голем клуб, бидејќи е на прагот од 32 години, што ги полни во август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

