Елиф Елмас чекаше и дочека, конечно ќе стартува од првата минута еден натпревар на Наполи под водство на Џенаро Гатузо. Македонскиот „дијамант“ имаше добар старт на авантурата во Наполи под водство на Карло Анчелоти, но по тренерската смена и неговата улога во тимот значително се намали.
Сепак, Елмас одигра добро на последните натпревари во кои влегуваше во второто полувреме, па тој денеска ќе се појави од првата минута на гостувањето против Сампдорија. Во ситуација кога Фабијан Руиз е повреден, Гатузо реши да му даде шанса на македонскиот репрезентативец да ги покаже своите квалитети.
Наполи ќе го стартуваше вечерашниот натпревар во состав: Мерет, Хисај, Манолас, Ди Лоренцо, Марио Руи, Лоботка, Елмас, Зиелински, Калјехон, Инсиње, Милик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

