Конечно, фудбал и кај нас: Скромен трансфер период, неизвесна пролет!

По пауза од речиси три месеци конечно фудбал и кај нас. Со натпреварите од 19. коло денеска од 14 часот, прволигашите ја стартуваат пролетната сезона од првенството низ која, ако нешто е сигурно, тоа е неизвесноста околу шампионската титула, распределбите на европските визи и опстанок.

Сето тоа ветува неизвесна пролет, и покрај максимално скромниот трансфер период од кој се издвојуваат едвај четири до пет позвучни имиња со кои се засилија домашните клубови, или се селеа од еден табор во друг.

Вардар го имаше можеби убедливо најскромниот пазар во последните пет-шест години, доведувајќи само едно име кое нешто значи за домашниот фудбал, Бесир Демири од Шкендија, тоа дополнето со Грузиецот Џаба Џигуари…

Шкендија, пак, продолжува со „традицијата“ на ангажмана на „експериментални тренери“. Таков е случајот и со Томас Брдариќ, кој има повеќе од квалитетна играчка кариера, но „празна“ тренерска биографија. Тетовци единствено вистински се засилија со ангажманот на Бесарт Абдурахими, додека се останато е нејасен просек.

rabotnicki - sileks 11

Пелистер максимално амбициозно ја очекува пролетта во обидот по повеќе години пауза повторно да дојде до Европа. На патот до европската сцена најголемото засилување е Баже Илијоски, заедно со Бразилецот Фернандо кој пристигна од редовите на бугарската Монтана. Најголемото засилување за Работнички, пак, е репрезентативецот Ванче Шиков, но и црногорскиот офанзивец Иван Вуковиќ.

Најголемата сила на Силекс во обидот да дојде повторно до европската сцена е тренерот Жикица Тасевски. Поранешниот стратег на Вардар, Работнички, Металург… е клучната алка за успесите на тимот. Силекс го надополни играчкиот кадар за пролетната сезона со седум нови фудбалери, од кои за издвојување се Ѓорѓи Мојсов, Филип Тимов, Филип Глигоров…

НИТУ ЕДЕН ЗВУЧЕН ТРАНСФЕР НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА

Од друга страна, оваа зима, пак, македонскиот фудбал не понуди ниту еден звучен трансфер на наш фудбалер надвор од границите. Бројни шпекулации за заминувања, пред се на фудбалери од редовите на Вардар и Шкендија, но и двата клуба останаа речиси со својот комплетен играчки кадар од есенскиот дел. Единственото трансфер движење од овие два клуба беше Јасир Асани кон Шкупи, и Бесир Демири од Шкендија кон Вардар. Се друго беше ослободување од неколку непожелни странци.

Preoden rok 1preoden rok 2

Се вчитува...