Екипата на Хамбургер конечно успеа во зацртаната цел – да се врати назад во првата Бундес-лига. Цели седум години му беа потребни на тимот од Хамбург по испаѓањето од елитното друштво да се врати назад меѓу најголемите клубови во фудбалска Германија.
Во последните години Хамбургер неколку пати беше многу блиску, но потклекнуваше во последните два месеца од трката за највисок пласман. Овојпат тоа не беше случај, па тимот од Хамбург со победата од 6-1 над Улм на едно коло до крајот го осигура влезот во елитата.
Интересно, Улм прв поведе, гостите потоа при 1-1 не реализираа и пенал, по што Хамбургер презеде целосна контрола и стигна до победата што потоа еуфорично фудбалерите ја прославија со најверните навивачи.
Многу блиску до промоција е и тимот на Келн, на кој за осигурување на второто место му е доволен еден бод во последното коло, на домашен терен против Кајзерслаутерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

