По долги години „тапкање во место“ низ квалификациските циклуси за пласман на ЕП или СП, конечно новоформираната Лига на нации отвори малку простор за радост и на македонските фудбалери.
Освоено е првото место во групата од Д лигата на ова натпреварување што создава реална можност и за наш пласман на собирот на најдобрите на Стариот континент. Сето тоа за заслужено радост на репрезентативците кои, вака-така, дочекаа малку моменти и за свое славје… Се разбира, многу послатко ќе биде кога овој настап од групната фаза во Лигата на нациите ќе се заокружи таму некаде во март 2020 година и со пласман на Европското првенство 2020!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА