Фудбалерите на Скопје денеско конечно ја стартуваат новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Поради настапите на Шкендија на европската сцена, нивниот меѓусебен дуел од 1. коло во ПМФЛ беше одложен, па денеска се игра од 17 часот на Градскиот стадион во Струга. Во 2. коло, пак, Скопје беше слободен по откажувањето на Ренова од натпреварувањето во елитното друштво.
Натпреварот се игра во Струга поради суспензијата на теренот во Тетово по минатогодишниот инцидент на Шкендија на дерби натпреварот со Шкупи.
Шкендија во претходното 2. коло од ПМФЛ, исто така во Струга, ремизираше (1-1) со екипата на Силекс, па избраниците на Артим Шаќири денеска ќе атакуваат на првата поведа во новата сезона од елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

