Конечно и убава вест: Рушту го победи коронавирусот!

Во период во кој сме сведоци на бројни смртни случаи, конечно стигна и добра вест, и тоа од Турција. Легендарниот голман на турската репрезентација, Рушту Речбер, успеа да излезе како победник од битката со коронавирусот, па денеска беше пуштен на домашно лекување.

Рушту се наоѓаше во критична состојба, но со лекарска помош успеа да ја добие најважната битка, во последните три дена ситуацијата осетно се подобри, па тој денеска ја напушти клиниката во Истанбул.

„По 11 дена рехабилитација мојот сопруг се чувствува многу подобро. И пуштен е од болница“, објави сопругата на Рушту, Исил Речбер.

Се вчитува...