Конечно и Вардар се собра: Четири дена подготовки за дербито со Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најтрофејниот македонски клуб конечно се собра пред неделниот старт на пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Под водство на новиот шеф на стручен штаб, Никола Илиевски – Џиџи, и неговите асистенти Бобан Грнчаров, Златко Таневски и Никола Глигоров, „црвено-црните“ на теренот на Академијата на ФК Вардар во Градски парк го одработија првиот тренинг.

Илиевски на првиот тренинг имаше на располагање 22 фудбалери, од кои 16 кои беа во комбинација во првиот тим и минатата есенска полусезона. Од искусните првотимци за пролетниот дел од сезоната ќе се смета на Бојан Најденов, Дејан Блажевски, Филип Петковски, Мартин Мирчевски, Стефан Лазаревиќ, голманот Илиќ, но и Велковски, Крстевски, Радуловиќ-Величковиќ, Петејчук, Игески, Ѓурковски…, како и шест фудбалери од младинскиот тим кој го предвиди легендата на Вардар, Филип Ивановски.

Вардар во првото пролетно коло, на 14. февруари во Скопје го пречекува битолски Пелистер.

 

 

Се вчитува...