Јувентус конечно договори доаѓање на нов напаѓач кој би бил резервна опција за Душан Влаховиќ. Во игра беа Депај, Икарди, Мората и Заниоло, но на крајот изборот падна на Аркадиуш Милик, полскиот голгетер за кого е постигнат целосен договор со Олимпик Марсеј.
Екс-голгетерот на Наполи ќе пристигне на едногодишна позајмица за сума од еден милион евра, а Јувентус ќе има можност на крајот од сезонава да го откупи неговиот договор со францускиот клуб за дополнителни осум милиони евра. Тој во текот на денешниот ден ќе ги мине лекарските прегледи во Торино, по што ќе следи и потписот на договорот со „старата дама“.
Јувентус сега ќе ги насочи погледите кон засилување на средниот ред, за финиширање на преговорите со ПСЖ за Леандро Паредес. Се очекува „старата дама“ во следните денови да продаде или позајми најмалку еден од актуелните играчи за врска, Артур, Закарија или Рабио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА