Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков по пауза од осум месеци се враќа на терените за денешниот натпревар на неговиот Веспрем против Алборг во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Манасков заработи тешка повреда на коленото на почетокот на октомври, по која замина на оперативен зафат, а неговото опоравување траеше цели осум месеци. Манасков годинава заминува од Веспрем, а вчера самиот ја демантираше информацијата дека кариерата ќе ја продолжи во романскиот Динамо Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА