Додека се чека конечно да стартува Првата лига, вечерва се одигра првиот кошаркарски меч во Македонија по пауза од повеќе од седум месеци. Како дел од регионалната БИБЛ-лига, но со македонска пресметка меѓу Куманово и новиот прволигаш ТФТ.
Квалитетот не беше на посакуваното ниво, но по пауза од седум месец грешките се сосема очекувани, па дури и оние почетничките. И двајцата тренери се свесни дека нивните тимови во иднина ќе мора да играат многу подобро, но најважно од се е што денеска конечно се одигра официјален кошаркарски меч.
Да се повлече нога, за прволигашките што ќе следат, се надеваме веќе од викендов…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА