Конечно крај на сагата околу Илија Несторовски – потпишува за Асколи!

Се чини, конечно крај на „сагата“ околу идниот клуб на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот второлигаш Асколи.

Според сигурни извори од редовите на италијанскиот второлигаш, Несторовски и дефинитивно има договор за продолжување на кариерата во Асколи. За утре се закажани лекарските прегледи по што се очекува официјалното потпишување на договорот и промоцијата во новиот клуб.

Претходно, постојано се нижеа шпекулации околу идниот клуб на македонскиот напаѓач од Тернана, Палермо, Козенца па се до Сампдорија.

33-годишниот Несторовски изминатите четири сезони ги мина во Удинезе, откако претходно блескаше во редовите на Палермо.

Се вчитува...