Конечно Леброн и компанија врзаа победи, Вестбрук ја водеше Оклахома до нов триумф

По двата едноподруго порази Кливленд успеа да врзе и две победи во НБА лигата. По Индијана денеска на свој паркет славеше против Детроит со 121-104.

Сепак, се мачеа Кавалирс до самиот финиш на мечот. Пистонси водеа и на полувремето со 58-61, за да домашните во самиот финиш стекнат предност за победа.

Леброн Џејмс постигна 25 поени, дополнети и со 8 скока и 14 асистенции за Кливленд, додека Кевин Лав дополни со 20 поени и 11 скока. Кај Детроит се истакнаа Ентони Толивер и Тобиас Харис со по 20 поени, а Андре Драмонд имаше „дабл-дабл“ ефект од 17 поени и 11 скока.

Оклахома на свој терен предводена од Расел Вестбрук славеше против Филаделфија со 122-112, додека Торонто запиша лесна победа против ЛА Лејкерс од 123-111.

На Расел Вестбрук му недостасуваше само еден скок за нов „трипл-дабл“, па мечот го заврши со 37 поени, 9 скока и 14 асистенции.

Торонто до победата го предводеше Фред Ван Влит со 25 поени, а кај Лејкерси се издвоија Кларксон и Рендл со по 17 поени.

ЛА Клиперс, пак, на крилјата на расположениот Блејк Грифин (27 поени и 12 скока) славеше против Њу Орлеанс со 112-103.

Се вчитува...