Роберт Левандовски конечно постигна гол за Барселона, откако големиот ас стрелаше прецизно на гостувањето против Алавес, прекинувајќи ја серијата без погодок што траеше речиси два месеци.
Полскиот напаѓач последниот погодок за Барса го постигна на 10 декември, оттогаш тешко влегува во шанси и уште потешко ги реализира, но Левандовски блесна на вечерашниот дуел, откако во манир на голем стрелец ја смести топката над домашниот голман во мрежата на Алавес.
Голот на Левандовски со кој Полјакот го прекина „постот“ што траеше речиси два месеци можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

