Ливерпул конечно направи сериозен чекор напред во преговорите со Мохамед Салах, нудејќи услови што се прифатливи за најдобриот фудбалер на „црвените“ да го продолжи престојот на „Енфилд роуд“.
Големиот ас има уште нецели три месеци од актуелниот договор со Ливерпул, а преговорите долго време беа без посериозен напредок. Сепак, последната рунда разговори конечна го дала посакуваниот резултат откако „црвените“ значително ја кренале понудата, задоволувајќи ги барањата на египетската суперѕвезда. Салах отсекогаш тврдеше дека сака да остане, а по ваквиот развој на настаните тој начелно ја прифатил понудата и останува да се средат само уште неколку детали пред и официјално да биде потпишан новиот двогодишен договор.
Паралелно со Салах, управата на Ливерпул води преговори и со капитенот Вирџил ван Дајк, кој исто така не крие дека сака да остане на „Енфилд“, но останува да се види дали ќе биде најден заеднички јазик и со холандскиот дефанзивец, чиј договоро исто така истекува во јуни 2025 година.
This better be Salah’s new contract video getting filmed pic.twitter.com/PvOQqd7cCW
— Braden
(@Braden_LFC) April 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА