Конечно Лука – Воодушевувачка партија на Дончиќ со која го засени Јокиќ (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс ги декласираа Денвер Нагетс доаѓајќи до важна победа во НБА лигата од 100-123, со конечно извонредна партија на Лука Дончиќ, онаква каква што очекуваа(т) фановите на Лејкерс по неговото доаѓање во клубот.

Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 10 скока и седум асистенции за 30 минути на теренот, воодушевувајќи ги Лејкерси, но и противничките кошаркари кои немаа одговор за неговата партија.

Него внимателно го следеше 40-годишниот Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 25 поени, девет скока и пет асистенции, продолжувајќи дополнително да ја подигнува границата како најдобар стрелец во историјата на НБА.

Најефикасен кај Денвер, пак, беше Арон Гордон со 24 поени, пет скока и четири асистенции. Синоќа „потфрли“ Никола Јокиќ кој имаше многу лоша шутерска вечер со само 2/7 од поле. Сепак, дури и Јокиќ забележа „тенок“ трипл-дабл со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Одамна е познато дека Јокиќ и Дончиќ се практично најдобри пријатели во НБА, а нивната прегратка пред почетокот на мечот го докажа токму тоа.

Се вчитува...