Јувентус е на добар пат да го заврши клучниот потпис за овој преоден рок, откако „старата дама“ конечно постигна напредок во преговорите со ПСЖ за трансферот на Коло Муани откако Французинот импресионираше при позајмицата во вториот дел од ланската сезона.
„Црно-белите“ од Торино од почетокот на летово се обидуваат да го потпишат Коло Муани, но проблем им претставува продажбата на Душан Влаховиќ. Србинот влезе во последните 12 месеци од договорот, но слабата форма на српскиот голгетер значително ја намали неговата цена, но и бројот на заинтеересирани клубови.
Поради ова Јувентус не беше во можност да испрати понуда за перманентен трансфер каква што бараше ПСЖ, но во последните денови е постигнат значаен напредок во преговори. Имено, францускиот гигант се согласил на позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето, барајќи вкупната вредност на позајмицата и трансферот да изнесува 60 милиони евра.
Челниците на Јувентус се подготвени да го задоволат ова барање, се со цел Коло Муани (кој покажа лојалност летово одбивајќи неколку интересни понуди само за да се врати во Јуве) во следните 48 часа да дојде на лекарски прегледи и потпис во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

