Редно беше народ да се радува и за убава работа. По неколку години штрајкови, протести, контрапротести, и политички поделби, Македонија конечно се радува заеднички на еден спортски успех. Вардар ја покори Европа, најдоброто од Македонија стана и најдобро на Стариот континент. Тоа секако го прави горд секој Македонец.
Излегоа Македонците на улиците, но овојпат за убава работа. Не за да протестираат, туку за да се радуваат…Вардаре, шампионеее, шампионеее….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА