Конечно објаснување: ВАР не смеел да интервенира, иако топката е во аут (ВИДЕО)

Голот со кој Манчестер сити израмни за конечни 1-1 против Реал Мадрид во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите предизвика бројни контроверзии, револт кај играчите и навивачите на Реал, кои се прашуваат зошто не реагираше ВАР-собата и не сугерираше за поништување на погодокот.

Евидентно е дека пред голот на Де Брујне, неговиот соиграч Бернардо Силва ја испрати топката во аут и ја враќа потоа на терен, но главниот судија Артур Диас не ја прекина акцијата по која потоа „граѓаните“ израмнија за конечни 1-1.

Но, анализирајќи ја ситуацијата шпанскиот судиски експерт, Павел Фернандез објасни зошто ВАР не можел и не смеел да се вклучи во оваа ситуација.

„Затоа што Реал ја освои најпрво топката откако таа излезе во аут кој не е досуден. Потоа ја загуби, односно Сити ја освои топката и од втор напад постигна гол. Значи, дојде до промена на поседот и веќе во втората акција ВАР не може да се уклучи за случување кое било пред голот“ – објаснува Фернандез.

Beinsports claim the ball went out before De Bruyne’s goal
by u/independent-pigeon in soccer

И извори од УЕФА го потврдуваат истото. ВАР не смеел да се вклучи за акција кои се случувале претходно, посебно откако дошло до промена на поседот. Друга работа е што погрешил помошниот судија на таа страна кој не сигнализирал аут. Но, ВАР дополнително не може да се уклучи.

Се вчитува...