Конечно одговор на прашањето – Кој е „вистинскиот Роналдо“?

Според многу фудбалски фанатици нема збор дека вистинскиот „фудбалски Роналдо“ за нив секогаш ќе биде бразилскиот напаѓач.

Кога Кристијано Роналдо се појави во Манчестер јунајтед за многумина беше необично покрај неверојатниот Бразилец таму некаде да постои уште еден Роналдо. Но, Португалецот и тоа како се потруди да се избори за свое место во фудбалот.

Кристијано заедно со Лионел Меси ги одбележаа последните 15 години во фудбалот и факт е дека толку никој никогаш не доминирал во историјата. Бразилскиот Роналдо, пак, според многумина е најдобриот напаѓач на сите времиња, но повредите го спречија да реализира уште поголема кариера. И денес, не ретко, може да се слушнат изјави дека тој е „вистинскиот Роналдо“ и дека никој не може да се спореди со него.

На оваа тема зборуваше и самиот легендарен Бразилец кој на Инстаграм имаше разговор во живо со Фабио Канаваро. Едно од прашањата беше кој е „вистинскиот РОналдо“, а 44-годишниот Бразилец имаше свој одговор.

„За Кристијано сигурно е досадно кога ќе слушне дека јас сум вистинскиот Роналдо. Но, луѓе не се споредуваат. Кристијано ќе остане во фудбалската историја поради своите неверојатни постигнувања. Тој ќе биде запаметен како еден од најдобрите, заедно со Меси, и тука нема расправа“ – порача Роналдо.

Се вчитува...