Конечно одреден терминот за борбата Џошуа – Пулев

Ентони Џошуа ќе ги брани појасите во ВБА, ИБФ и ВБО верзиите во тешката категорија во борба со предизвикувачот, Кубрат Пулев на 12. декември во Лондон. Конечниот датум беше објавен денеска откако борбата поради коронавирусот беше откажана од првичниот термин на 20. јуни.

„Официјално е. Пулев-Џошуа на 12. декември во Лондон. Датумот и местото се конечни. Нека победи подобриот“ – напиша Пулев на социјалните мрежи.

Засега уште е непознато дали борбата ќе биде без публика како што беше планирано за во јуни или сепак ќе има присуство на гледачи со почитување на рестриктивните мерки.

 

Се вчитува...