Конечно: Озил заминува од Арсенал!

На трансфер сагата околку заминувањето на Месут Озил од Арсенал и се ближи крајот, а како што пренесуваат англиските медиуми постигнат е договор за раскинување на соработката по што германскиот интернационалец ќе се пресели во редовите на Фенербахче. Овој потег ќе стави крај на една ера на „Емирати“, по минати седум и пол години.

Озил во редовите на „топџиите“ пристигна како огромно засилување од Реал Мадрид во 2013 година, трансфер кој го чинеше клубот 50 милиони евра, а по кој поранешниот играч на Шалке и Вердер стана најскапиот германски интернационалец. За Арсенал, Озил одигра 184 натпревари во кои постигна 33 гола, а асистираше 54 пати.

 

Се вчитува...