Конечно, по 11 месеци: Нурмагомедов викендов во нов ММА спектакл

Хабиб Нурмагомедов во сабота во Абу Даби повторно се враќа во октагонот, во меч за обединување на титулите шампион во лесна категорија против привремениот шампион Дастин Поириер.

Непоразениот Дагестанец по 11 повторно со нов предизвик. Спектакуларниот настан во Емиратите почнува од 20 часот со четири предборби пред Хабиб и Дастин да се појават во октагонот.

Нурмагомедов најави вистински спектакл против противник кој мора да се респектира, но тој единствено размислува за обединување на титулите и ништо друго.

 

Се вчитува...