Црвена Звезда ја прекина серијата слаби игри и резултати во Евролигата откако вицешампионот на АБА вечерва триумфираше на домашен терен над Виртус Болоња со убедливи . „Црвено-белите“ повторно беа без неколку првотимци, но затоа расположени за игра беа Недовиќ и Теодосиќ, сосема доволноз а да се земе скалпот на италијанскиот кошаркарски гигант.
Првото полувреме мина во израмнета битка, но „црвено-белите“ пред самото заминување на одмор успеаја да се одлепат и да поведат со 48-42. „Црвено-белите“ ја задржија предноста и во третиот период, за во последните десет минути да стигнат и до двоцифрена позитива со која го добија овој меч. Недовиќ беше главна фигура со 25 постигнати поени, а блескаше и Теодосиќ, кој за нецели 17 минути игра против поранешниот клуб забележа 11 поени и девет асистенции. Шенгелија со 25 поени беше прв стрелец кај Виртус Болоња.
Монако многу потешко од очекувањата го совлада тимот на Валенсија со 79-78. „Кнезовите“ се уште беа во шок по поразот на домашен терен од Милано од пред два дена, се мачеа да влезат во ритам, но на крајот сепак стигнаа до триумф. Мора да се истакне дека „кнезовите“ го контролираа резултатот во последните минути, а Валенсија намали на „минус еден“ со тројка со звукот на сирената. Џејмс и Блосомгејм беа клучни фигури во победничкиот тим со по 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА