Металург конечно и се израдува на првата победа во Лигата на шампионите, совладувајчќи ги Чеховски Медведи со 25-24 во натпреварот од 6.коло во групата Ц. Македонскиот вицешампион во нов лик, без Халил Јагањац, но со трите нови засилувања, конечно успеа да го скрши мразот и да ги освои првите бодови во ЛШ.
Првиот гол за Металург симболично го постигна токму Александар Шпенде, еден од трите нови имиња во редовите на македонскиот вицешампон покрај Миха Пучник и Гонзало Рибеиро. Со словенечкиот бек во составот „металурзи добија на сигурност во одбраната и поголема ширина во нападот.
По изедначените пет минути во кои Чеховски медведи имаа минимална предност, во 6.мкинута со вториот погодок на Димитар Димитриоски, Металург прв пат дојде во водство (4-3) и ја презедоа иницијативата.
На средината од првото полувреме, за прв пат на терен во дресот на Металург заиграа и Пучник на среден и Рибеиро на лев бек. Португалецот беше стрелец на деветтиот гол за Металург за водство од 9-8, а набрзо потоа Анте Токиќ зголеми на 10-8.
Во добра серија на голот влезе Никола Даниловски што внесе дополнителна сигурност во играта на „металурзи“ и пет гола во серија за предност од 13-8 на десетина минути пред крај на првиот дел. Благодарение на расположениот Даниловски, гостите осум минути останаа без погодок, а Металург успеа да се одлепи и мирно да ја сочува разликата.
Во завршницата на првиот дел, Металург влезе со +5 (15-10), а на успешната серија на Даниловски се надоврза и Мартин Томовски со одбранет семдерец на Куретков. А, шансата на спротивната старна ја искористи Шпенде со третиот погодок за 16-10, резултат со кој заврши првиот дел.
Второто полувреме продолжи во исто темпо и Металург уште на стартот ја зголеми предноста на највисоки +6 (17-11). Но, во натедните десетина минути, гостите успеаја да ја преполоват разликата и се приближија на 18-13. Концентрацијата на одбраната на Металург на бековската лимнија, ја користеа крилата на Чеховски медведи., но „металурзи“ сепак, имаа солидни четири гола предност (21-17) на стартот од последната четвртина.
Во вистински момент дојде и вториот одбранет седмерец на Мартин Томовски за да го сопре „налетот“ на гостите. На листата на стрелците во вториот дел се запиша и Миха Пучник, а Металург мирно ја одржуваше предноста од 3-4 гола.
Сепак, натпреварот влезе во „опасна“ завршница откако гостите на шест минути пред крај успеаја да се приближат на само два гола разлика (24-22). Максимов побара тајм-аут, но Чеховски медведи не ја искористија шансата да намалат на гол разлика. Затоа пак, мирна рака на спротивната страна имаше Димитриоски со својот петти погодок за 25-22.
Нова опасност дојде на една минута пред крај кога Кирил Котов намали на 25-24, а ударот на Шпенде на другата страна заврши во рацете на голманот Павленко, но Металург за среќа успеа да се одбрани во последните секунди и да ја прослави победата.
Во победничкото издание на Металург значајна улога имаше голамнот Никола Даниловски со извонредните 16 одбрани од кои 12 во првиот дел. Димитар Димитриоски беше прв стрелец кај Металург со пет гола, по четир погодоци запишаа Токиќ, Серафимов и Шпенде. Кај Чеховски медведи најефикасен беше Тмофеј Маслеников со седум гола.
Во згуснатиот календар, следен предизвик за „металурзи“ во Лигата на шампионите ќе биде дуелот со Спортинг за четири дена, повторно во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА