Конечно потврден трансферот на најголемиот светски талент: Реал за 72 милиони евра го доби тоа што сите го сакаа (ФОТО)

Реал Мадрид го доби тоа што го посакуваат сите европски гиганти – еден од најголемите светски таленти, 16-годишниот Ендрик.

„Кралскиот“ клуб го потврди трансферот кој претходно го најави Фабрицио Романо со информацијата дека Реал на бразилски Палмеирас ќе му плати 60 милиони евра плус и 12 милиони евра бонус.

Ендрик периодов пристигнува во Мадрид да ги види клупските објекти, а повторно таму ќе се врати кога ќе стане полнолетен. На тимот на Реал Мадрид ќе му се приклучи во јули 2024 година кога ќе стане полнолетен.

Поради неизбежните регулативи неговиот договор ќе биде до јуни 2027 година, плус три години како опција за клубот, што значи до 2030 година.

 

Бразилското чудо од дете беше на мета на сите европски гиганти, а на крајот победи Реал Мадрид. 16-годишниот Ендрик, кој е најмлад фудбалери во историјата кој настапил за првиот тим на Палмеирас, оваа година за Палмеирас запиша 21 настап и постигна 12 гола.

Се вчитува...