Конечно, повторно кошарка во Македонија: Штрајкот на судиите прекинат, почнува плејофот

Предолго траеше паузата во кошаркарскиот шампионат, но штрајкот на судиите и дефинитивно е прекинат, па утре и официјално ќе продолжи сезоната, со првите натпревари од плејоф и плејаут натпреварувањето.

Битката за титулата продолжува со четвртфиналните серии, кои традиционално се играат до три победи. Шампионот МЗТ Скопје за противник го има градскиот ривал Феникс, ТФТ во уште едно скопско четвртфинале ќе се сретне со Чаир, а програмата утре ќе ја отвори вицешампионот Пелистер, со гостински дуел против Работнички закажан за 18.30 часот во СРЦ Кале.

Куманово ќе биде домаќин на Кожув, а првиот дуел од оваа серија ќе се игра без присуство на публика, поради казната за кумановци уште од регуларниот дел од сезоната.

Најважно од се е што на терените низ Македонија повторно ќе се игра кошарка, со надеж никогаш повеќе да не се повторат вакви штрајкови и одлагања на натпревари…

Се вчитува...