Џанг Шуаи од Кина конечно ја прекина најдолгата губитничка серија во тениската историја, откако по 24 порази во низа денеска конечно успеа да тримфира на дуелот со Мекартни Кеслер со 2-0 во сетови.
Искусната 35-годишна кинеска тенисерка своевремено беше 22. на ВТА-листата, но следеше голем пад откако од февруари годинава па се до септември нанижа 24 порази. Конечно, „црната серија“ беше прекината со денешниот триумф, до кој стигна откако во првиот сет се врати од негатива од 3-5 и славеше во тајбрејкот со 7-5. Во вториот сет повторно се играше израмнети, но Шуаи блесна во тајбрејкот, триумфирајќи со 7-1 за огромна радост и олеснување по прекинот на неверојатната губитничка серија.
„Многу важна победа за мене, особено бидејќи е на турнир во Кина. Оваа победа ми беше многу потребно, како да ми беше судено негативната серија да ја прекинам дома“, изјави Џанг Шуаи по триумфот.
Она што е интересно, таа се мачеше во сингл, но затоа во изминатите месеци играше во топ-форма во дубл, каде заедно со Кристина Младеновиќ стигна до финалето на УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА