Конечно! Прв гол на Мбапе во ЛШ за Реал Мадрид (ВИДЕО)

Килијан Мбапе, конечно, дури во 6. коло го постигна првиот гол за Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Фудбалерот кој дојде како огромно засилување, и сака да го освои трофејот со „кралевите“, погоди на дуелот со Аталанта во 10. минута.

Мбапе често беше мета на критики во последно време, поради неговите слаби настапи во дресот на „кралевите“, меѓутоа стави крај на лошата серија во ЛШ.

На асистенција на Диаз, Мбапе убаво се ослободи од својот чувар, и погоди во мрежата на домаќинот за предност на Реал Мадрид. Воедно, ова беше 50-ти гол на Французинот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...