Конечно, радост за Панатинаикос во Евролигата

После (не)очекуваната серија на порази во Евролигата, кошаркарите на Панатиниакос славеа против Жалгирис со 92-88 во 31. коло во најелитното европско клупско натпреварување.

На свој паркет грчкиот тим оствари тешка, но важна победа со која за момент се најде на 10. позиција која носи пласман во следната фаза.

Двата тима се менуваа во предноста се до полувремето, додека во вториот дел Панатинаикос го презеде водството и не го испушти до крајот. Во еден момент во последната четвртина изнесуваше и 14 поени разлика, но гостите од Литванија успеаја да се вратат и да намалат само на три (85-82). Меѓутоа избраниците на Ергин Атаман некако најдоа сили да дојдат до овој триумф.

Чеди Осман со 24 поени беше најефикасен кошаркар на паркетот. Кај Жалгирис Франциско беше најдобар со 23 поени.

Во француската пресметка, Париз го победи Асвел со 90-81, и покрај одличната игра на гостите во првиот дел. На пауза Асвел имаше предност од девет поени разлика, но клучниот пресврт се случи во третиот период кој го добија домашните со 29-13, предност од која тимот од Лион не можеше да се врати.

Робинсон беше најефикасен и постигна 25 поени кај ПАриз, а кај Лион Вотсон постигна 14.

Се вчитува...