Конечно „Сокол јуниор Куп 2022“ – Пријавување од 1. мај!

Конечно долгоочекуваниот детски турнир во мал фудбал „Сокол Јуниор Куп“ ќе се одржи во период 20. мај до 5. јуни 2022 година на игралиштето „Сокол“ кое се наоѓа во “ОУ Христијан Тодоровски Карпош” – Карпош 1 во Скопје.

Пријавувањето за турнирот ќе биде од 1. мај до 18. мај. Овој турнир е наменет за деца на возраст од 8 до 14 години кои ќе се натпреваруваат во групи во две категории: Категорија 1 – од 8 до 10 години, и Категорија 2 – од 11 до 14 години.

Како што информираат организаторите од Здружението на граѓани „Оливер Соколов -Сокол“, вкупниот награден фонд изнесува извонредни 204.000 денари поделени за двете категории, како и индивидуални награди.

НАГРАДЕН ФОНД

Категорија I:

За освоено I Место наградата изнесува 50.000,00 денари;
За освоено II Место наградата изнесува 25.000,00 денари;
За освоено III Место наградата изнесува 10.000,00 денари;
За освоено IV Место наградата изнесува 5.000,00 денари;

Индивидуални награди:

За најдобар играч парична награда од 6.000,00 денари;
За најдобар фудбалер парична награда од 6.000,00 денари;

Категорија I I:

Се вчитува...