Конечно тргнаа болидите: Во Австрија почна Ф1 сезоната 2020 (ФОТО)

Формула 1 се врати. 16 седмици по прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, во Австрија денеска се одржаа тренинзите за воведното натпреварување од долгоочекуваната сезона 2020 година. Прв на „Ред бул ринг“ се појави Ландо Норис од Мекларен кој беше првиот тим на патеката и го означи стартот на сезоната. Сепак сите очи беа вперени во црниот Мерцедес на Луис Хамилтон. Со новиот болид, бранителот на титулата тргна по седмиот шампионски трофеј. Тој имаше најдобро време на првиот тренинг.

Формула 1 беше принудена да направи неколку значајни промени во вообичаените практики за тренинзите и за трките. Една од најважните секако е отсуството на публиката. Навивачите вообичаено ги исполнуваат трибините и на тренинзите, но денеска не беше така. Има промени и во правилата за медиумите чие присуство е намалено.

Возачите и тимскиот персонал ќе бидат често тестирани, на интервали од пет дена. Евентуалните знаци или симптоми на COVID-19 ќе значат дополнителни тестови. Ако се појави позитивен случај, лицето ќе биде излирано и ќе бидат теситрани сите што биле во близок контакт со него. Во Австрија ќе бидат одржани две трки, овој и следниот викенд, потоа ќе има натпреварување во Унгарија и следуваат двете трки во Велика Британија.

 

 

 

 

 

Се вчитува...