Конечно заеднички блесок на Дончиќ и Леброн – Па, Лејкерси го декласираа Голден Стејт (ВИДЕО)

Конечно заедничко одлично издание на најголемите две ѕвезди на Лејкерси, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.

Па, кога тие двајца функционираат како што треба, следи убедливо издание на ЛА Лејкерс победувајќи ги Голден Стејт Вориорс со 129-101.

Лука Дончиќ го предводеше победничкиот тим со 26 поени, осум асистенции и шест скока, а Леброн дополни со 22 поени, девет асистенции и седум скока.

Голден стејт играше без Стеф Кари, кој се опоравува од повреда на десното колено, како и без Криштоп Порзингис кој не играше поради болест.

За Лејкерс, покрај Лука и Леброн, Остин Ривс постигна 18 поени со 7 од 11 шута.

Со оваа победа, Лејкерси ја прекинаа серијата од три порази. Тоа беше исто така само нивната трета победа во последните осум натпревари.

На останатите мечеви во НБА лигата, Мајами го победи Хјустон со 115-105, Вашингтон загуби од Торонто со 125-134, а Јута од Њу Орлеанс со 105-115.

Се вчитува...